Почина Нина Јаневска, бизнисменка и хуманитарка


По долго боледување, вчера во Скопје почина познатата бизнисменка и хуманитарка Нина Јаневска.



„Со голема тага во нашата душа, Ве известуваме дека почина нашата членка Нина Јаневска. Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 9:30 часот. Секогаш ќе ја чуваме во нашите срца“, објави хуманитарниот клуб Inner Wheel Club of Skopje, чиј член беше..

Јаневска беше сопственичка на една од најлуксузните продавници за уметнички дела и накит во центарот на Скопје.

Во јавноста, Нина Јавноста беше позната и како сопруга на бизнисменот Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“.