Струмица домаќин на балканската млада музичка елита

Четириесеттина млади музичари од неколку градови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска од викендов се во Струмица на петдневниот интернационален летен музички камп „Струмица 2019“.



Овој летен музички камп кој по 9-ти пат се одржува, беше отворен во Центарот за култура „Антон Панов“ со свечен концерт на кој настапија младите музичари Стефан Илиев на труба, Валентина Димитријевиќ, Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева и Ангела Димитровска на флејта, како и струмичанецот Георги Трајков на гитара.

Младите музичари учествуваа на целодневната работилница во неколку категории на инструменти, флејта, труба, хорна и камерна музика, а предавачи се реномирани професори од Факултетот за музичка уметност – Скопје. Координатор е Марија Јакимовска, а пијано соработник, Билјана Петровска.

Како што не информира професорот Александар Гошев, организатор на музичкиот камп, во вечерните часови, односно од 20:00 часот ќе се одржуваат концерти.

Вчера и завчера на програмата се Концерт на камерна музика пред платото на Центарот за култура и Концерт на класна хорна, а на 26 август ќе се одржат два концерти во истиот термин, едниот во фоајето на Центарот за култура, Детски концерт, а другиот концерт – класа флејта во црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица.

Завршниот концерт е на 27 август во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“.

Извор: strumicanet.mk

https://www.facebook.com/231002903956/posts/10158770562463957/?sfnsn=mo&s=1317270620&vh=e