Специјален притвор за специјалната обвинителка

Поради безбедносна проценка специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во женското притворското одделение, вели директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.



Јанев, со уште една приведена, е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа.

„Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект“, вели директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.