Со 36 денари повисоки пензии, стандард не бива

По најавите на Министерството за труд и социјална политика дека ќе се извши законското усогласување на пензиите, кое за овој период ќе изнесува пораст од 0,4 отсто, .



Пензионерите велат дека сакаат повисоки пензии по најавите за зголeмување на платите за 500 денари.

Минималната и просечната заработувачка како и пензиите се ниски, кометираат граѓаните и пензионерите.

Петрушевска Виолетка е пензионерка од Скопје која рабoтела како градежен инжинер на изведба на објектиа по заминувањето во пензија се сретнува со низа проблеми вели дека  владата постојано нагласува дека врши усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци, но таа не го чувствува тоа.

„Дали 100 денари дали 50, еден месец се повеќе па другиот месец ги нема. Незнам што се случува. Неможе да и им фатите крај што и како прават со парите, треба да сте виртуоз“ вели Петрушевска, за Радио Слободна Европа.

Минималната пензија, според пресметките ќе порасне за 36 денари, додека просечната се очекува да се зголеми за 63 денари. Највисоката пензија која изнесува околу 47.000 денар ќе има зголемување од 188 денари.

За три години, според податоците пензиите пораснаа од 13 754 денари во 2016 година на 14 530 денари годинава.

Најпогодени се луѓето со ниски пензии, кои велат дека и најмало поскапувања на храната или на сметките за комуналии би им ја загрозило егзистенцијата.

„Се е покачено кога ‘аналгин’ достигнал цена од 48 денари, што сите го пиеме дневно, за друго што да зборувам. Не сум вработена. На една пензија сме на сопругот. Со една пензија од 9 илјади, инвалидска пензија, дали се живее? Што да платиме поправо, за лекарства за него, за храна, за струја, за дрва? Тие кажуваатминималната плата е 12 илјади, така треба да биде и со пензиите„ вели Ленче Андонова.

Во државата од вкупно 320 илјади пензионери, 170 илјади имаат пензија која е под просечната, а околу 80 илјади примаат пензија под 9 илјади денари.

Премиерот Заев неодамна најави зголемување на пензиите како резултат на раст на платите.

Со оглед дека пензискиот фонд, има огромна дупка, се наметнува и прашањето како да се обезбедат пензии и за идните генерации. Поради ова Светска банка бараше растот на пензиите целосно да замрзне, а во пензија да се оди дури на 67 години, наместо на 62 и 64 како сега.

Статистичките податоци покажуваат дека просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Сепак, државава се најде на последна на листата со просечна плата од 413, 67 евра споредено со земјите од регионот, каде на прво место е Словенија.

Македонските просечни примања се за 120 евра помалку од она што Синдикатот го пресмета како основа за задоволување на основните животни потреби.