Кривичниот суд ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд.
Шефицата на СЈО од синоќа е во Истраѓниот затвор Шутка, откако судија на претходна постапка одреди триесетдневен притвор на барање на Јавното обвинителство.
.
За Јанева постои основано сомнение дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист.
Судијата Сеад Реџепагиќ вчера ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.





