Јанева со полиција вратена дома!?

По претресот во СЈО, каде присуствуваше и каде и беше одземен службениот комјутер, Катица Јанева била однесена во нејзиниот дом во населбата Козле во Скопје дознава Република.



Сител јавува дека домот на Јанева се изнесувал дел од мебел за кој постои сомневање дека Јанева го добила како подарок.

Бројни новинарски екипи сепак упшорно чекаат пред Кривичниот суд кој треба да одлучи дали ќе го прифати барањето на Обвинителството кое побара 30 дневен притвор за шефицата на СЈО.

Јанева се сомничи од ОЈО дека ја злоупотребила службенатра положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298 илјади денари, околу 5.000 евра односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.