Според неофицијални информации во тек се претреси во пропсториите на Специјалното јавно обвинителство, откако претходно беше приведена шефицата Катица Јанева во нејзиниот дом, дознава ТВ24.
Неофицијално, претреси наѝвиодно се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија.
Претходно, пред домот на Јанева пристигнаа неколку возила на МВР, куќата беше буквално под опсада, а потоа Јанева во придружба на, веројатно полициски службеници, влезе во едно од возилата со кое, како што се дознава, беше префрлена во СЈО каде во нејзино присуство се врши претрес.
МВР потврди дека специјалната обвинителка е уапсена.
Овнинителството се очекува на прес-конференција со детали за денешните акции,





