Правници: Јанева не смееше да се појави со адвокат на сведочење

 „Сведок по дефиниција не смее да биде придружуван од адвокат. Сведокот треба да ги раскаже и опише настаните така како што тој ги видел и доживеал, а не некој друг да му влијае дали и како да го каже тоа во исказот.



На ниеден сведок не му се дозволува адвокат.

Затоа, ова е ‘малку многу’. Значи, или не се зборувала вистината во однос на својството во кое е повикана Јанева, или се работи за импровизација. Ако лицето во нејзина придружба не е полномошник, не е бранител и не е технички советник, тогаш во какво својство е? Интересно е да се види како ќе биде декларирано присуството на тоа лице во записникот“, вели скопски адвокат за „Дојче веле“.

Правни експерти велат дека „или Јанева била повикана во својство на осомничено лице штом е придружувана од адвокат или станува збор за тешка импровизација доколку во својство на сведок и бил доволен адвокат“, откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера заедно со адвокат дојде да дава исказ за случајот „Рекет“ во ОЈО.

На прашањето на „Дојче веле“ до Обвинителството – во какво својство е повикана Јанаева – одговорот бил: „Во својство на лице од кое се бараат потребни известувања“, но без одговор дали овој „опис” подразбира и право на адвокат.