Вицепремиерот за еконосмки прашања, Кочо Анѓушев, на денешната прес конференција истакна дека државата ќе преземе радикални мерки да се справи со африканската чума“ која веќе е присутна во соседна Бугарија.
„Апелираме до ловните друштва да извршат отстрел на 50 отсто од дивите свињи низ Македонија.
Доколку тие не можат тоа да го сторат, тогаш ќе ја активираме армијата на Македонија за такви мерки. Свињите кои се хранат на депониите ќе бидат отстранети и мора да ги примениме овие радикални мерки. Ловните друштва знаат најдобро како да се справат со овој проблем и мора да спречиме болеста да премине на нашата територија“, истакна Анѓушев.




