Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“, откако адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители.
Миланов побара изземање и на Јанева а причина за ваквото барање се меѓусебни конфронтааци меѓу обвинителите и шефицата на СЈО.
Но според судијката Марија Клетничка, за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за изземање на Јанева констатираше дека нема надлежен орган, дознава Фокус.




