Повикувајќи се неидентификуван извор српски „Курир“ објавува уште едно продолжение поврзано со Рекет“ и уапсениот Боки 13 за кој, овој пат се тврди дека ја финасирал српската опозиција.
Според овој таблоид Вук Јеремиќ повеќе пати доаѓал во Скопје на состаноци со луѓе од опкружувањето на уапсениот водител, а според „Курир“ клучен бил советникот на Зоран Заев, Башановиќ.
Според „Курир“ Башановиќ бил задолжен за парите од Боки 13 бидат префрлени во Србија.
Повикувајќи се неидентификуван извор Курир објавува дека на тој начин биле префрлени неколку стотици илјади евра. Планот бил прекинат со апсењето на Боки 13.




