Заменик претседателот на Црна Гора, Генци Ниманбегу велие дека Албанците имаат право да го истакнуваат албанското знаме во Црна Гора без притоа да го истакнат и – државното.



Ниманбегу вели дека ќе консултира праввници откако Министерството за култура објави дека ќе поднесе кривична пријава за истакнување на знамето на Албанија на манифестација на реката Цијхевна.

„Непријатно сум изненаден. Министерството за култура и вработените апсолутно мора да знаат дека ние Албанците како народ во Црна Гора сме автохтоно население на своја територија, дека  имаме наш национален симбол, дека според Уставот имаме право на слободна употреба, а сè друго според мое мислење, е само започнување кавга со нашиот народ “, рече тој за Радио Црна Гора.

Ниманбегу рече најави дека ќе разговара со претставници на другите албански партии за да разгледаат „адекватен начин на реагирање“.

Црногорското Министерство за култура соопшти дека ќе поднесе тужба против организаторите на манифестацијата на која албанското знаме беше истакнато без црногорското национално знаме.