Професорката Биљана Ванковска иронично забележува дека една од целите на „шарената револуција“, проектот „Скопје 2014“, премиерот Зоран Заев сега го легализира и ќе го чува со полиција:
„Заев не само што го легализираше Скопје 2014 прогласувајќи ги спомениците за израз на светско културно наследство, туку и ќе ги чува со полиција. Тоа се истите споменици кои беа цел на “шарените”, кои истураа не само бои, туку и “крв” излеана од “режимот”… Она што стварноста може да го сврти, ни најдобар режисер не може да го смисли.
Некој, таму од горе, гледа с’е“, пишува Ванковска на ФБ.






