„Неразбирливото и недозволено чекање на Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во случајот со одолговлекувањето на одлуката за приведување или повикување на распит на Катица Јанева, само ги подгрева сомневањата за тоа дека во тек е некакво пазарење“ анализира порталот МКД.МК.
Заканата на Јанева пред колегиумот на СЈО дека ако падне таа, ќе паднат сите со неа, според МКД.МК доволно укажува на сето она што (може) да се слуучува „позади завесата“.
Неофицијално – пишува попрталот – една од главните закани на Јанева е откривањето на сите детали околу договорот со власта за тоа кој од поранешната власт да биде на списокот на предметите на СЈО, а кој да биде поштеден. Освен тоа, очигледно е дека Јанева има што да каже и за други бизнисмени со кои, преку Боки 13 била во некаков договор. Кој друг знае кој и колку платил за спас?
„Од аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита“ за случајот „Рекет“ може повеќе од сигурно да се каже дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е длабоко замешана во овој случај. Тоа очигледно е дека на сите им е јасно, ама не им е јасно што сѐ може друго Јанева да отвори.





