Од Град Скопје најавија засилени инспекциски контроли на спомениците на кои вчера беа поставени ознаки за нивнаото „хеленестичко“ потекло, а кои денеска беа отстранети од непознати лица.
„Поради зачестената појава на оштетување, Град Скопје, во рамките на своите надлежности, во наредниопт период ќе го засили надѕорот на врз спомениците, а истите ќе бидат и под засилени инспекциски контроли. Истовремено, апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците„, велат од град Скопје.
Градот и некои споменици, не така одамна и за време на една „револуција“ беа цел на сериозно оштетување.









