На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, обвинителката Лиле Стефанова одговори дека не е експерт за криминал, пренесе ТВ21.
Запрашана дали смета дека (обвинителите од СЈО) ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека тоа прашање треба да ѝ се постави на нејзината шефица во заминување Катица Јанева.





