Српски „Информер“ на насловна страница објавува наслов поврзан со милионскиот Рекет на Боки 13 кој овие денови ја тресе македонската јавност.
„Боки 13 се заканува од затвор: Знам како крадат Заев и Харадинај“ е насловот на текстот во печатеното издание во кој, според „Информер“ Бојан Јовановски порачува дека доколку наскоро не го пуштат, ќе објави бројни докази за криминалниот врзан режим во Скопје и Приштина.
Скандалот „Рекет“ и Боки 13 се теми кои деновива наголемо се експлоатираат во српскиот печат.




