Алијанса на Села бара предвремени избори

Лидерска средба на релевантните политички лидери по теркот на Пржинските средби побара опозициската Алијанса на Албанците која бара да се разговара техничката Влада и за предвремени парламентарни избори.



Елми Азири од Алијанса за Албанците, на денешната прес-конференција оцени дека СЈО било последната надеж дека конечно ќе профункционира судството како професионално тело во државатаво државата и одвоено од политиката.

„За жал, со последниот скандал сите сме сведоци дека судството и политиката се во заемна соработка и тоа го нарушува и угледот на државата во меѓународната заедница“, изјави Азири. Азири праша зошто процесите што биле дел од СЈО, како „Пациент“, „Маџар Телеком“, „Титаник 2“ (каде има вмешани функционери на една партија) не се процесуирани и дали е тоа поради – политиката.

Извор: Пресинг.ТВ