Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети вели дека Зоран Заев барал од него да врши притисок на некои членови на Судскиот совет за да се сменел еден претседател на суд и дека тоа морало да се заврши до септември.
Откако одбил да одговори на барањето на премиерот, „се јави Антикорупциска“ рече тој на денешната прес-конференција.
„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.
Беџети вели дека повикот од Заев го сфатил како добронамерен за решавање на ова прашање, но…
„Втор чуден момент ми беше кога Шилегов ми рече да уривам една платформа и да завршиме со тоа. Па после дојде одлуката на Антикорупциска, која нема ниту еден правен момент и тоа ќе го докажам покренувајќи кривична пријава против претседателката и одредени членови“, рече Беџети како што пренесува СакамДаКажам.




