Вучиќ најави нови епизоди од случајот Рекет со Боки 13

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод аферата „Рекет“ изјавил дека ќе има уште изненадувања.



“Не се мешам во прашањата на другите држави. По прашањето на обвинителите и поставувањето однадвор, приказните како тоа ќе ги спаси сите, на крајот ја спаси „Луј витон“ чантата полна пари”, рекол Вучиќ за аферата.

Српскиот премиер додал дека, врз основа на сознанија од добро известени италијански кругови, тука ќе има уште многу изненадувања.

” Зоран Заев денес разбира дека сум бил во право кога сум зборувал за одредени лица и зошто сум среќен што тие лица се далеку од Србија и мене”, порачал Вучиќ.