Кој е Бобо од новата снимка со Боки 13?

Во еден дел од разговорот кој денеска го открива италијанскиот весник Ла Верита Боки 13 и Орце Камчев зборуваат за лице по име Бобо кој му се јавил на бизнисменот и се најавил да дојде да гледаат фудбал во неговата куќа.



Во еден момент Боки 13 открива дека сопругата на ликот Бобо вечерта ќе биде на гости кај него дома во скопската населба Тафталиџе заедно со “жената” односно наверојатно со обвинителката која се споменува во повеќе наврати а подоцна во разговорот се појавува и со глас кога на Камчев му вели дека се ќе биде О.К.

Предходно во јавноста имаше низа непотврдени шпекулации дека сопругата на ликот Бобо која е висок државен функционер била чест гостин во куќата на Боки 13.

Овој дел од разговорот е по 1 минута и 43 секунди.