Ларис Геисер е авторот на статијата во италијанскиот „La Verita“ поткрепена со видео и аудиуо снимки на кое се гледа како Зоки Кичеец и Боки 13 земаат 1,5 милиони евра, од бизнисменот Орце Камчев во замена за “влијание“ во СЈО за негово ослободување.
Гаисер е роден во Птуј, Словенија, а во неговото CV стои дека е геополитички аналитичар, менаџер и економски консултант, кој особено аналитички ја следи состојбата во Македонија од 2016 година и свртува внимание на важноста од владеењето на правото.
Реал политиката е неговата ориентација, а во анализите во фокусот се националните интереси како основа на надворешната политика и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња, пишуава Pressing.Tv.





