Видео и аудио снимката објавени во италијанскиот „La verita“ околу тоа како се одвивало примопредавањето на милион евра изнудени од бизнисменот Орце Камчев од страна на Боки 13 и неговиот компањон, извесниот Кичеец со кого се во притвор, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Фејсбук статусот на авторот на прилогот, италијанскиот новинар Ларс Гејзер, кој најави продолженија и говори за „мафија“ во Македонија, мислењата на адвокати дека е време „Катица Јанева да биде повикана на распит“…беше своевиден предизвик да се најде име за новиот предмет на СЈО.
Изборот „падна“ на статусот на колега новинар кој кој го спои италијанскиот превод за 13 (тредичи) со многу често користеното „Т“ во досегашните предмети на СЈО.




