Градоначалникот на oпштина Гостивар, Арбен Таравари, на „Фејсбук“ се пофали со пресудата на Управниот суд со која се поништува решението со кое Министерството за образование и наука ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Гостивар за именување и разрешување директори на основни и средни училишта.
Таравари го повика министерот за образование, Арбер Адеми, да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.
„Почитуван ‘доценте’, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години. Правдата излезе на виделина“, напиша градоначалникот Таравари.
На ова реагираа од Министерството за образование од каде велат дека доставиле некомплетни документи, а некои од доставемните биле нечитливи.
Затоа, велат дека одлуката на Управен не значи дека Општината постапувала законски.
Од МОН најавија жалба пред Вишиот управен суд и сега ќе ја достават целокупната документација.





