Проектот поддржан од САД против лажни вести призна дека ширел дезинформации

Проектот F2N2 кој со финансиска поддршка на американската амбасада во Скопје идентификува наводни лажни вести и дезинформации вечерва призна дека самиот ширел неточни информации.



Откако во текот на денот проектот на невладината организација МОСТ која ја води Дарко Алексов објави текст во кој го напаѓа директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, вечерва го повлече првичното тврдење.

Наместо првичното обвинување кон Трајчевски дека шири дезинформации за полициско обезбедување на Боки 13 сега во сменетиот текст се вели дека други медиуми го спинувале Трајчевски.

По реакцијата на АВМУ, F2N2 даде коригирана верзија, во која пишува дека информацијата се спинува од други медиуми,  при што се добива впечаток, дека споменатото лице Бојан Јовановски  всушност имало службено обезбедување од МВР.

Признавањето на F2N2 дека самите ширеле лажни вести и дезинформирале од проектот се обиделе да го скријат со додавање на кратенката (КРГ) на стариот наслов на текстот што е перфиден и нечесен обид да се скрие грешката и дезинформацијата на проектот кој се бори против лажните вести а самиот ги создава.

Иако во сите свои политички мотивирани анализи во кои се напаѓаат за владата критички медиуми, зборуваат за професионални стандарди и етика во случајот со нивните лаги се обидуваат да ги избегнат правилата за да сокријат дека дезинформирале.

Како работи F2N2

АВМУ обвини за ширење дезинформации од проект финансиран од амбасадата на САД во Скопје