Д-р Владимир Чадиковски го напушти Жан Митрев

Доктор Владимир Чадиковски денеска поднел оставка со што и дефинитивно си заминува од Клиничката болница „Жан Митрев“, дознава Фактор.



Минатата недела имаше непотврдена информација дека тимот од десет луѓе на чело со доктор Владимир Чадиковски, кои во февруари годинава го напуштија јавното здравство и почнаа да функционираат како дел од болницата „Жан Митрев“, се спремаат за оставки.

Д-р Чадиковски се префрли во оваа приватна болница за да прави операции на деца кои ги покриваше Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Причина според информации на порталот биле несогласувања со менаџментот на болницата и непрофесионализмот при извршување на обврските.

Чадиковски не коментарал за причините, но потврдил дека ја поднел оставката, пишува „Фактор“.