Кривичниот суд го испрати на мислење во надлежното Обвинителство барањето за екстрадиција за случајот „Морина“ кој деновиве е главна тема во медиумите и кој според проценките на експертската јавност нќе ги наруши односите со Србија или со Косово.
Судот во секој момент се очекува да излезе со одлука за поранешниот припадник на УЧК,пишува пресингтв.мк.
Ова навидум судско прашање лесно може да стане политичко по изјавите на вицепремиерот Бујар Османи дека Морина нема да биде испорачан во Србија и оти иако не добил дозвола да го посети во притвор сепак нашол начин да му испрати порака.
Професорот Гордан Калајџиев вели дека во вакви екстрадициски случаи секогаш има и политика, но оти е неприфатливо ваквото однесување на вицепремиерот Османи.
“Тој три години говори за правна држава и сега излегува со ваква изјава. По ова Османи треба да си поднесе оставка. Со ова покажува дека се меша во судството, а згора на тоа и самиот е осомничен во друг случај. Ова секако ќе има влијание во евроинтеграциите и во добивањето датум за преговори”, вели Калајџиев за Пресинг ТВ.
Завчера дипломатски извори во ЕУ предупредија дека со своите постапки корисни за ДУИ Османи ја става Македонија ситуација да не добие датум за преговори поради јавниот притисок на владата врз правосудните органи.
“Поздравете го вицепремиерот Османи и кажете му дека го загрозува датумот за ЕУ”





