Довербата на македонските граѓани во ЕУ бележи намалување од шест отсто во однос на минатата есен и изнесува 57 отсто.
Меѓутоа, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, а само 16 проценти кои имаат спротивен став.
Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните.
Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати, пренесува „Плусинфо“.





