Обвинителката Вилма Русковска ќе треба да даде одговори и да каже што се случува, зошто е нешто преземено или не е преземено, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, за ТВ24 на прашање зошто под истрага за предметот „Рекет“ не е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Според Давидовиќ, да се работеше за некој друг на местото на Јанева, тој веќе ќе беше во притвор.
„Тоа можам да го споредам со ситуацијата во која до сега сме се наоѓале Како бранители, уништување на докази апсолутно ќе предизвикаше барање и донесување на мерка притвор“, вели Давидовиќ.
Адвокатот смета дека Обвинителството мора брзо да ја заврши истрагата.
„Како размислува Вилма Русковска јас не знам. Очигледно во јавноста има друга перцепција затоа и овие шпекулации и приказни кои се предат околу предметот“, вели адвокатот.





