Професорката Јасна Котеска реагира на пораките испратени од претседателот Пендаровски во говорот одржан по повод Илинден.
На забелешката на друг коментатор во дебатата на социјалните мрежи дека има проблем во неговото обраќање за “од една страна напишаното, од друга страна реалноста..”, Котеска пишува:
,,И мене, сосема. Когнитивна дисонанца. Па уште и „Републиката“. Која Република бре без името за истата?”.
Професорката вели дека прашањето е упатено до претседателот Пендаровски кој не го употреби зборот Македонија во пораката за Илинден во која зборува за “Реоубликата”.
Пендаровски и неговиот кабинет не одговорија на прашањето на Котеска на која држава мисли кога зборува за републиката.
Што е когнитивна дисонанца за која што зборува Котеска во контекст на пораките од говорот на претседателот Пендаровски?
“Когнитивна дисонанца” народски се опишува како “судир на свеста”.
Според науката се работи за негативна состојба во која поединците доживуваат ментална непријатност предизвикана од конфронтација во нивните умови на конфликтни идеи, вредности, знаење, погледи на погледи, идеи, верувања, бихевиорални ставови или реакции од емоционална природа”..
Обраќањето на Пендаровски во следново видео





