Ѓорѓиев: Нема да има ни “двобој“ ни вонредна средба за Делчев

По „поканата“ од Софија, мешовитата македонско-бугарска Комисија за историјата да одржи вонредна средба за да се забрзала постапката околу „дефинирањето“ на ликот и делот на Гоце Делчев, одговор од македонскиот тим.



„Јас помалку го доживеав тоа како повик на двобој, да избереме место и време да се соочиме…

Не прифаќаме вонреден работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септмври“ изјави за ТВ 24 универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев.

Бугарската страна на комисијата која ја предводи професорот Ангел Димитеров, вчера побара вонреден состанок до крајот на август, ден подоцна откако бугарскиот премиер Бојко Борисов среде Скопје и во присуство на Зоран Заев порача дека до октомври, комисијата мора да најде решение за Гоце Делчев.

Професорот смета дека отворање на идентитетското прашање за Гоце Делчев,ќе ги доведе преговорите ќе пропаднат.