Социјалните мрежи ноќеска беа преплавени од фотографија на Катица Јанева за која се тврди дека е снимена деновиве додека таа се капела на плажа на Халкидики.
Анонимен гледач на Канал5, кој не сакал да го открие својот идентитет, ја испратил оваа фотографија, за која рекол дека е направена вчера попладне во Грција, на една плажа на првиот крак, поточно во познатото излетничко место Ханиоти.
Јавноста знае дека Јанева веднаш по апсењето на Боки 13 и нејзината најавена оставка земала боледување поради одредени психосоматски состојби но не знае дали боледувањето кое треба да заврши на средината на август е прекинато.
Доколку таа навистина е на одмор во Грција а формално и тече боледување според Законот за работни односи ќе мора да добие отказ.
Од СЈО нема официјална реакција дали Јанева е на боледување и дали е во Грција на одмор.
Дебелава нели е бе на боловање до 20.08 ? @AMiloshoski шо е ова бе ? https://t.co/bnEIZ1yddi
— 🅰️псаана (@aps_aana) August 3, 2019






