Кој бара забрана на колумни, а кој се согласува со забрана на Фејсбук?

Во дебатата по информацијата на Бранко Героски дека постои иницијатива за забрана за пишување на колумни читаме и други радикални идеи како укинување на социјалната мрежа Фејсбук.



Според стручњакот по интернационален финансиски менаџмент Герасим Андоновски постои можност за забрана на Фејсбук ако се покаже како штетен.

“Нека забранат ФБ, ете тоа може. И така е бизнис, кој ако се покаже како штетен, може да се забрани. Не е тоа културолошка знаменитост или цивилизациска придобивка”, пишува Андоновски.

Во дебатата владиниот советник за медиуми Петрит Сарачини негира дека Владата иницирала забрана за пишување колумни затоа што е тоа против слободата на изразување и оснивните човекови права.

Героски не открива кој дал иницијатива за забрана за пишување и објавување на колумни.