Ангел Димитров бара вонредна средба за Гоце Делчев

Претседателот на бугарската страна од Комисијата за историски прашања, Aнгел Димитров, ги повика македонските историчари на вонредна средба кон крајот на август за да се интензивираат напорите за изнаоѓање на конечно решение со кое ќе се дефинира ликот и делото на Гоце Делчев.



Ваквиот потег на Димитров следува по посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Скопје и неговото барање да се постигне консензус за македонскиот револуционер до октомври.

Предлогот на Димитров е комисијата да работи секојдневно и да ја заврши работата до октомври, за да се олесни работата на вечќе закажаата претстојна средба во септември“, вели тој за бугарското национално радио БНР.

Го велам тоа зошто на таа средба треба да решиме два прашања – да ги завршиме белешките во учебниците за бугарското Средновековие и Османското владеење, но и да го решиме прашањето за Гоце Делчев/ Очигледно тоа беше во центарот на изјавата на премиерот, бидејќи околу личноста на Гоце Делчев се создаде напредање, размена на реплики, вклучително и на највисоко ниво“ вели Димитров.

Тој додава дека историчарите не треба да утврдат кој бил Гоце Делчев туку да го отврдат или одречат тоа што тој самиот за себе, за семејството, за средината во која живеел го кажувал.