Реплика на денот: Петрит е во право и кога греши

Откако двајца владини советници ја прогласија „за фејк њуз“  видео-веста на порталот „Инфомакс“ дека вчера на Мечкин Камен група поддржувачи на СДСМ скандираа „северна, северна“, на социјалните мрежи се води вистинска дебата.



„Неверните томи“ упорно стојат зад изјавите на Марјан Забрчанец и на Петрит Сарачини дека скандирање немало, уште повеќе дека се работело за лепена, сечана и монтирана снимка, зашто, на власта треба да ѝ се верува.

Други со лутина или со исмевање за советниците кои се истрчаа …а, кои, доколку не се извинат, ќе добијат тужба од „Инфомакс“.