Двајца членови на владиниот пропаганден тим заработија тужби за навреда и клевета од новинари кои се обвинети дека монтирале видеа на кои се слуша како членови на СДСМ скандираат Северна, Северна на Мечкин Камен.
Советникот за медиуми на премиерот Заев, Марјан Забрчанец и советникот за медиуми во Владата Петрит Сарачини тужбите ги заработија откако вечерва без да го проверат материјалот објавен од инфомакс.мк обвинија дека е монтиран и го квалификуваа како лажна вест.


Александар Митевски новинар на инфомакс.мк вели дека медиумот е подготвен снимката на која се слуша како членовите на СДСМ скадираат Северна, да биде анализирана од референтна компанија за аудио технологија за да се види дали лаже владата или новинарите.
“Згрозени сме од обидот Владата со помош на лажни вести да дискредитира и да заплашува новинари и медиуми. За искажаните лаги веднаш поднесуваме тужба за клевета и навреда со побарување за оштета од 3 милиони денари. Иако голем дел од судството е под контрола на владата за која работат, Забрчанец и Сарачини можат да се спасат само ако јавно се извинат и ветат дека во иднина нема да користат лажни вести и ефтини пропагандни финти за да замолчат медиуми”, вели Митевски за expres.mk.
По обвинувањaта од Забрчанец и Сарачини дел од медиумите од страв од санкции ги повлекоа пренесените вести за скандирање Северна на Мечкин Камен.
Пред една недела токму владата за која работат Забрчанец и Сарачини објави план за борба против лажни вести.





