Силјановска: Жртвата на Илинденците е аманет за нас

Кандидатката на опозицијата на последните претседателски избори Гордана Силјановска Давкова денеска положи свеќе на споменикот на загинатите Илинденци во струшкото село Ташмаруништа.



Таа од сегашните Македонци бара активност а не само сеќавање на борците за независна Македонија.

“Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме! Нивната жртва е аманет за сите нас. Честит Илинден!”, порачува Силјановска – Давкова на големиот македонски празник.