Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи конгресменот од Тексас, Џон Ретклиф, познат албански лобист за национален директор за Службата за разузнавање со што практично ќе биде „десна рака“ на американскиот претседател
Според „Топ ченел“, 53-годишниот Ретклиф е лојален на претседателот Трамп и е силно приврзан кон албанската заедница во САД, признат како политичар кој се залагал за признавање на независноста на Косово.
Во 2016 година, Ретклиф присуствувал на Албанскиот национален економски форум на дијаспората, каде што одржа говор и се фотографираше скако „лета“ албански орел.
Ретклиф често се појавувал во друштво и на состаноци со албанскиот министер за дијаспората, Пандели Мајко како и со Фатмир Медиу, поранешен албански министер за одбрана, пренесе Б92.




