Македонците меѓу најосамените луѓе во Европа

Македонија е на третото место на листата на земји со најосамени граѓани. На неславната листа која што ја подготви Еуростат водат Французите од кои 12,24 % немаат на кого да се потпрат во случај на невоља а вгтори се Италијаните од кои 11,9 % немаат кому да се обратат за помош.



Во истражувањето кое покажува колкава е можноста во тешки моменти да ви помогнат роднини, пријатели, комшии или партнерите Македонија е на трето место одоздола со 8,7 % од населението кое што не може да добие помош кога му е најпотребно. Иако како нација се фалиме дека сме солидарни и дека за нас секогаш се тука најблиските истражувањето спонзорирано од Европската Унија покажува дека голем дел од нас е егоистичен и неволен да помогне на близок во невоља.

По нас на листата се Холанѓаните (8,3 %) и Белгијците (6,8 %)

 

View image on Twitter

 

Најмалку социјално изолирани луѓе има во Кипар, со само 2 % од населението кое што немаат никого за поддршка а следуваат Словачка, Шпанија и Унгарија , сите со нешто над 2 % отфрлени луѓе.

Генерално жените се помалку осамени од мажите а според возраста поголем проблем да најдат некој за помош имаа постарите луѓе иако и овие проценти се различни во различни земји.

За разлика од луѓето што живеат на село оние во градовите се поосамени а таков проблем имаат и оние со пониски примања. Побогатите имаат повеќе пријатели и поддршка од нив.

Вкупно 6 % од сите Европјани се чувствуваат осамени според статистиката на Евростат.