Контроверзниот ѕид кон Мексико на Доналд Трамп што се гради со цел да се спречи нелегалниот влез на мигранти во САД, доби „забавна“ содржина.
Проектантите Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело кои работат на прокети кои ги бришат границите меѓу уметноста и архитектурата, осмислија лулашки во флуоресцентна розова боја, монтирани на конструкцијата на граничната ограда.
Нивна идеја била, симболот на раздвојување на луѓето да се претвори во забава кој е невозможна без учество на луѓе од двете страни.






