Албанскиот претседател Илир Мета предупредил, дека Балканот ќе биде погоден од апокалиптичен земјотрес, јави Albanian Daily News.
Илир Мета кој е претседтаел на Советот за безбедност побарал информации од релевантните институции за предупрадувањата на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.
„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен“, се вели во писмото од Мета до премиерот Еди Рама во кое изразува готовност да го свика Советот за национална безбедност.




