Се заканил со „куршум“ за Заев на Фејсбук – добил кривична

Кривична пријава против 67.годишен скопјанец, кој на „Фејсбук“ објавил заканувачка содржина кон премиерот, Зоран Заев, поднесе Секоторот за комјутерски криминал при МВР, дознава Макфакс.



Премиерот, минатиот четврток (25 јули), по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на седница во собранието јавно кажа дека добил закана на социјалните мрежи за „куршум во чело“ и ја пријавил во полицијата.

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев им ја прочита од својот мобилен телефон на пратениците во Собранието.