Советникот Усеини пријавен во МВР откако натепа професор

Советникот во Општина Охрид од ДУИ Нефи Усеини го натепал професорот Иљаз Иљази од Штуловиот универзитет. Причина, Иљази  пријавил див приклучок на водоводната мрежа во зградата каде е претседател на куќниот совет.



Иљази го пријавил случајот, а од МВР потврдија за Република дека Усеини е повикан на распит и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата што ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни, пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Според  А1он, Усеини и Илјази не се познавале и прв пат се сретнале. Професорот вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда.

„Од никаде се појави тој Усеини, кого до тогаш не го познавав, ни кој е, ни што е“, вели Илјази за „А1он“ и додава дека веднаш физички се пресметал. Во тој момент Илјази му рекол „Почекај да видиме што е работава“, по што Усеини му вратил „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам тебе“.

Јас сум електроинженер по струка, стар 60 години, предавам на Штулов универзитет и во животот не сум имал ниту една слична ситуација. Барав прием кај градоначалникот на Охрид, но не успеав да се сретнам, имале скратено работно време, стои во изјавата на професорот Иљази.

Извор: А1.Он