Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа, кој е советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, во интервју за КТВ вели дека е горд на командантите на ОНА кои ѝ задале сериозен удар на единицата „Тигри“ во пресметката во „Диво насеље“…



„Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија.

Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми“, вели командант Хоџа.

https://www.facebook.com/videovesti/videos/970482983111148/