Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вели дека допколку власта бара поддршка за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени избори.



„Без датум за предвремени избори не можеме ништо друго да помине во Собрание без разлика дали експертските групи ќе се согласат или не. Заев има два начини да се усогласи со нас по одност на предвремените избори: со добро да седнеме и да ги договориме, или граѓаните да кажат кога ќе бидат преку масовни протести“ – рече Николовски во изјава за Канал 5.