ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица ако Заев ги одбие барањата на Мицкоски (ВИДЕО)

Откако пред една недела премиерот Заев се закани дека законот за СЈО може да биде донесен на непосакуван начин, опозицијата одговара со своја закана.



Ако не ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе се соочи со протести, метод на политичка борба кој опозицијата го избегнуваше досега.

Протести наесен ќе има дури доколку работната група за СЈО најде заеднички јазик што се случи денеска. Договорот за СЈО мора да биде придружен од договор за предвремени избори инаку ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица.

Неверојатно е ниту еден функционер на СДСМ да не одговарал за низата корупциски случаи а МВР да повикува новинари кои ги објавиле случаите, вели потпретседателот Александар Николовски.

За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да ги прифати барањата и да се согласи да оди на предвремени избори.
Во спротивно опозициската партија ќе повика на протести – ова го најави потпретседателот на опозициската партија во интервју за Канал 5. 

Клучната разлика меѓу власта и опозицијата се истрагите отворени по рокот, односно 30 јуни 2017 година. Нивните предлози се разликуваат и по тоа кој да има надлежност за предметите – според ВМРО ДПМНЕ, треба да одлучува државниот јавен обвинител, додека пак власта предлага на нив да продолжат да работат јавните обвинители од СЈО, пренесува Канал 5.