Четири дена пред празникот Илинден австралискиот фоторепортер со македонско потекло Саша Узунов сподели со јавноста фотографија од Германецот што стои зад крвавото задушување на востанието од 2 август 1903 година.
„Лоцираме фотографија на баронот капетан Хуго фон Гебен, офицер на германската армија, висок советник на османлискиот султан и мозок на уништувањето на Илинденско востание во Македонија на 2 август 1903 година, користејќи брутална тактика на контранапади“, напиша Узунов на Твитер покрај фотографијата.




