Измените на Законот за јавно обвинителство во собраниска процедура ќе се најде на крајот на август, откако пратениците ќе се вратат од годишен одмор.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажа за 27 август, дознава „НОВА.“
Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство ќе се носи по скратена постапка, а на истата седница ќе се расправа и за предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители , исто така по скратена постапка.





