За „Американ ерлајнс“, Македонија и понатаму си е Македонија

Благодарејќи на споделената објава на Фејсбук од Џејсон Мико, поранешен македонски почесен конзул во Тусон, Аризона, малку топлина околу срцето на сите за кои оваа држава и понатаму е само Македонија, без додавката Северна.



„Од инфлајт магазинот на ‘Американ ерлајнс’, јули, 2019. Во право се. Секогаш и само Македонија“, напиша Мико над картата на која фигурира државното име што двотретинско мнозинство македонски избирачи го потврдија со бојкотот на пропаднатиот референдум за негова промена од 30 септември 2018 година.

„Американ ерлајнс“ е најголемата светска авиокомпанија според големината на флотата, приходите, превезените патници, прелетаните километри од патниците и бројот на дестинации што ги опслужува.