Спасов ги советува СДСМ и ДУИ: Не брзајте со предвремени…

Професор Ѓорѓи Спасов и поранешен министер во владите на СДСМ ги советува коалициските партнери СДСМ и ДУИ, да не брзаат со предвремени парламентарни избори.



,,Коалициската влада на СДСМ и на ДУИ не мора да брза со некакви предвремени избори, кои дополнително би ѝ го скусиле мандатот.

Во Македонија под притисок на многу настани и афери се случува криза на довербата нe само во власта, туку и во медиумите и во опозицијата.

Сега е време да се поработи сериозно на поправањето на штетите од таа криза на довербата во институциите преку нивна одбрана од лажни вести и обвинувања но пред се преку нивно поефикасно дејствување.”-напиша Спасов на ФБ.